Архива од претходни состаноци

– Во периодот 1999-2006 одржани се вкупно 6 состаноци (два во Скопје и по еден во Битола, Дојран, Кавадарци и Крушево);
– Во периодот 2006-2010 година одржани се вкупно 5 стручни состаноци и 7 стручни состаноци-работилници;
– Во периодот 2010-2015 година, одржа тринаесет состаноци и тоа 5 стручни состаноци и 8 стручни состаноци-работилници;
– Стручен состанок – работилница се одржа на 01.10.2010 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет – Скопје. Главни теми:
o Дијагностички протокол за тумори на јајници
o Слајд семинар од патологија на површни епителни тумори на јајници

 

 – Заеднички стручен состанок со Здруженито на доктори по медицина специјалисти по медицинска биохемија се одржа на 19.11.2010 година во амфитеатарот на Деканатот на Медицински факултет. Главни теми: 
o Улогата на имунохистохемијата во дијагностика на туморската патологија 
o Примена на туморските маркери кај карциноми на бели

 

– Стручен состанок организиран како четири идентични по содржина работилници најпрво во библиотеката на Општата болница во Прилеп на 17. 09 2010 година, потоа Општата болница во  Кавадарци на 2. 12 2010, а останатите два се одржаа во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје на 13.01.2011 и 14.01.2011 година. Главна тема:
o Малигни лимфоми – класификација и хистолошки карактеристики

 

– Стручен состанок – работилница и Годишно собрание, се одржа на 06.05.2011 година во просториите на Институтот за патологија, во Скопје. Главни теми:
o Пaтологија на дојка
o Слајд семинар од патологија на дојка.

 

– Европска школа за нефропатологија, поддржана од ЕРА-ЕДТА (Европско бубрежно здружение и Европско здружение за дијализа и трансплантација) и од Работната група за нефропатологија при Европското здружение на патолози се одржа на 14 октомври 2011 во Охрид. Главни теми:
o Болести на гломерулите;
o Тубуло-интерстицијални болести;
o Трансплантациска патологија на бубрезите.

 

– Стручен состанок – работилница се одржа на 9. 03 2012 година во амфитеатарот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, во Скопје. Главни теми:
o Интерпретација на кожни биопсии од пигментни лезии;
o Слајд семинар од патологија на пигментни лезии.

 

– Стручен состанок – работилница и Годишно собрание се одржа на 26.06.2012 година во Амфитеатарот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Главни теми:
o Патологија на мекоткивни тумори;
o Слајд семинар од патологија на мекоткивни тумори

 

– Стручен состанок се одржа на 28. 12 2012 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главна тема: 
o Интернационален стандард – ISO/IEC 17025:2005

 

– Стручен состанок се одржа на 05.04 2013 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главни теми:
o Контрола на квалитет во хистопатолошка лабораторија;
o Контрола на квалитет на пред аналитичките активности;
o Контрола на квалитет на аналитичките активности;
o Контрола на квалитет на постаналитичките активности.

 

– Стручен состанок – работилница и Годишно собрание се одржа на 15.11.2013 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главни теми:
o Патологија на оваријални стромални тумори;
o Слајд семинар од патологија на оваријалните стромални тумори.

 

– Стручен состанок се одржа на 25. 04 2014 година во амфитеатарот на Деканатот на Медицински факултет, Скопје. Главни теми: 
o Контрола на квалитет во имунохистохемиска лабораторија;
o Контрола на квалитет на преданалитичките активности;
o Контрола на квалитет на аналитичките активности;
o Контрола на квалитет на постаналитичките активности;
o „Стапици” во имунохистохемијата – серија од конкретни примери

 

– Стручен состанок се одржа на 20. 06 2014 година во амфитеатарот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Главни теми:
o Контрола на квалитет на работа во лаборатории за цервикална цитологија;
o Контрола на квалитет во негинеколошка цитологија – преданалитичка и аналитичка фаза;
o Контрола на квалитет во негинеколошка цитологија – постаналитичка фаза

 

– Стручен состанок – работилница се одржа на 07. 11 2014 година во амфитеатарот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Главни теми: 
o Патологија на плацента – вовед;
o Патологија на плацентарните мембрани и папочната врвка;
o Протокол за испитување на постелката и аберации во формата на постелката;
o Патологија на макроскопските промени на постелката;
o Хистопатолошки промени на вилозното стебло;
o Патологија на постелката кај компликувани бремености: EPH-гестози

 

– Стручен состанок – работилница и Годишно изборно собрание.се одржа на 3. 04 2015 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главни теми: 
o Патологија на епителни тумори на мочниот меур; 
o Слајд семинар од патологија на епителни тумори на мочниот меур