Историјат на здружението на патолози на Р. Македонија

Основање

Датум: 1965 година (како придружна секција на тогашното Здружение на патолози на Југославија), од 1971 година функционира како Здружение на патолози на Р. Македонија, а на 28.05.2021 година е преименувано во Македонско здружение за патологија.

ПРЕТСЕДАТЕЛИ

1971  проф. д-р Драгутин Милетиќ
1971-1983, проф. д-р Епса Урумова
1983-1999, проф. д-р Милан Јовановски
1999-2006, проф. д-р Ѓорѓи Зографски
2006-2010, проф. д-р Весна Јаневска
2010-2015, проф. д-р Нели Башеска
2015- 2019, проф. д-р Гордана Петрушевска
2019-2023, проф. д-р Славица Костадинова Куновска
од 2024 проф. д-р Рубенс Јовановиќ

Членување во други асоцијации
  • Македонско лекарско друштво
  • Европско здружение на патолози
  • Интернационална академија за патологија
Одржани конгреси

Во периодот 1979-1983 е одржан 4-от Конгрес на патолозите на Југославија во Крушево. Пред тоа одржани се и два интерсекциски состанока во Охрид (1970 и 1982 година).
● Во периодот од 12-16 октомври 2011 година во хотел “Метропол” во Охрид се одржа I Македонски конгрес на патолозите со интернационално учество.
● Првиот македонски меѓуконгресен состанок на патолозите со интернационално учество се одржа во Музејот на Македонската борба во Скопје во периодот 27-29 мај 2013 година со главна тема ,,Лимфомите во Југо-источна Европа”. Состанокот беше организиран од Здружението на патолозите на Македонија во соработка со Интернационалната група за изучување на не-Хочкиновите лимфоми.
● Вториот конгрес на патолозите на Р. Македонија со меѓународно учество, се одржа од 1-ви септември до 4-ти септември 2016 година во Охрид. На Конгресот учествуваа 35 поканети предавачи од повеќе европски држави (Словенија, Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Велика Британија, Шпанија, Чешка Република, Шведска и Турција) и САД, со 189 регистрирани учесници. Во рамките на конгресот и Европската школа за патологија беше одржана работилница на тема „Патологијата на дојката во 21-от“ век организирана од страна на Работната група за патологија на дојката при Европското здружение на патолози, а предводена од проф. Тибор Тот. 
● Вториот меѓу-конгресен состанок на патолозите со мегународно учество „Германско-Македонскиот туторијал за новини во патологијата“, организиран од страна на Здружението на патолози на Македонија во соработка со Германската Професионална
Асоцијација на Патолози и поддржан од Медицинскиот факултет при УКИМ се одржа од 19 до 22 септември 2018 година во Амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, Р. Македонија

Одржани симпозиуми

Еднодневен симпозиум – ХПВ инфекции и асоцирани болести – дијагноза, превенција, третман – се одржа во хотелот Holiday Inn во Скопје на 25.03.2011 година во заедничка организација со Здружението за ХПВ на Македонија, Македонското здружение за
цервикална патологија и колпоскопија, Здружението на гинеколози и опстетричари на Македонија и Здружението на биохемичари на Македонија.

Одржани школи, работилници, состаноци
  • Во периодот 1999-2006 одржани се вкупно 6 состаноци (два во Скопје и по еден во Битола, Дојран, Кавадарци и Крушево)
  • Во периодот 2006-2010 година одржани се вкупно 5 стручни состаноци и 7 стручни состаноци-работилници.
  • Во периодот 2010-2015година, се одржаа тринаесет состаноци и тоа 5 стручни состаноци и 8 стручни состаноци-работилници, како и една Европска школа за нефропатологија: 
  1. Стручен состанок – работилница се одржа на 1. 10 2010 годинаво просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет – Скопје. Главни теми:

-Дијагностички протокол за тумори на јајници

-Слајд семинар од патологија на површни епителни тумори на јајници

  1. Заеднички стручен состанок со Здруженито на доктори по медицина специјалисти по медицинска биохемија се одржа на 19. 11 2010 година во амфитеатарот на Деканатот на Медицински факултет. Главни теми:

-Улогата на имунохистохемијата во дијагностика на туморската патологија 

-Примена на туморските маркери кај карциноми на бели

  1. Стручен состанок организиран како четири идентични по содржина работилници најпрво во библиотеката на Општата болница во Прилеп на 17. 092010 година, потоа Општата болница во  Кавадарци на 2. 12 2010, а останатите два се одржаа во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје на 13. 01 2011 и  01 2011 година. Главна тема:
  • Малигни лимфоми – класификација и хистолошки карактеристики
  1. Стручен состанок – работилница и Годишно собрание, се одржа на 6. 05

2011 година во просториите на Институтот за патологија, во Скопје.

Главни теми:

-Пaтологија на дојка

-Слајд семинар од патологија на дојка.

  1. Европска школа за нефропатологија, поддржана од ЕРА-ЕДТА

(Европско бубрежно здружение и Европско здружение за дијализа и

трансплантација) и од Работната група за нефропатологија при

Европското здружение на патолози се одржа на 14 октомври 2011 во

Охрид. Главни теми:

  • Болести на гломерулите,
  • Тубуло-интерстицијални болести,
  • Трансплантациска патологија на бубрезите.
  1. Стручен состанок – работилница се одржа на 9. 03 2012 година воамфитеатарот на Универзитетската клиника за радиотерапија и

онкологија, во Скопје. Главни теми:

  • Интерпретација на кожни биопсии од пигментни лезии,
  • Слајд семинар од патологија на пигментни лезии.
  1. Стручен состанок – работилница и Годишно собрание се одржа на 26. 06

2012 година во Амфитеатарот на Универзитетската клиника за

радиотерапија и онкологија во Скопје. Главни теми:

  • Патологија на мекоткивни тумори
  • Слајд семинар од патологија на мекоткивни тумори
  1. Стручен состанок се одржа на 28. 12 2012 година во просториите на

Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главна тема:

  • Интернационален стандард – ISO/IEC 17025:2005
  1. Стручен состанок се одржа на 05.04 2013 година во просториите на

Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главни теми:

  • Контрола на квалитет во хистопатолошка лабораторија
  • Контрола на квалитет на пред аналитичките активности
  • Контрола на квалитет на аналитичките активности
  • Контрола на квалитет на постаналитичките активности
  1. Стручен состанок – работилница и Годишно собрание се одржа на 15.

2013 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински

факултет, Скопје. Главни теми:

  • Патологија на оваријални стромални тумори
  • Слајд семинар од патологија на оваријалните стромални тумори
  1. Стручен состанок се одржа на 25. 04 2014 година во амфитеатарот на

Деканатот на Медицински факултет, Скопје. Главни теми:

  • Контрола на квалитет во имунохистохемиска лабораторија
  • Контрола на квалитет на преданалитичките активности
  • Контрола на квалитет на аналитичките активности
  • Контрола на квалитет на постаналитичките активности
  • „Стапици” во имунохистохемијата – серија од конкретни примери
  1. Стручен состанок се одржа на 20. 06 2014 година во амфитеатарот на

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Главни теми:

  • Контрола на квалитет на работа во лаборатории за цервикална цитологија
  • Контрола на квалитет во негинеколошка цитологија – преданалитичка и аналитичка фаза
  • Контрола на квалитет во негинеколошка цитологија – постаналитичка фаза
  1. Стручен состанок – работилница се одржа на 07. 11. 2014 година во

амфитеатарот на Универзитетската клиника за радиотерапија и

онкологија во Скопје. Главни теми:

  • Патологија на плацента – вовед
  • Патологија на плацентарните мембрани и папочната врвка
  • Протокол за испитување на постелката и аберации во формата на постелката
  • Патологија на макроскопските промени на постелката
  • Хистопатолошки промени на вилозното стебло
  • Патологија на постелката кај компликувани бремености: EPH-гестози
  1. Стручен состанок – работилница и Годишно изборно собрание се одржа

на 3. 04 2015 година во просториите на Институтот за патологија,

Медицински факултет, Скопје. Главни теми:

  • Патологија на епителни тумори на мочниот меур
  • Слајд семинар од патологија на епителни тумори на мочниот меур
  1. Стручен состанок – работилница се одржа на 2.10.2015 година во просториите на Институтот за патологија, Медицински факултет, Скопје. Главни теми:
  • Тенкоиглена аспирациона биопсија на тироидна жлезда и на дојка

 

  • Слајд семинар за цитолошка дијагностика на тироидни заболувања
  • Слајд семинар за цитолошка дијагностика на заболувања на дојка

 

  • Во периодот 2016-2020година, се одржаа 9 состаноци и тоа 1 стручен состанок и 8 стручни состаноци-работилници : 

 

  1. Стручен состанок на МЗП се одржа на 15.04.2016 година, во просториите на ПЗУ Аџи Бадем Систина. Главна тема:
  • Патологија на кожа,

 

  1. Стручен состанок – работилница се одржа на 23.03.2017 година во просториите на АД Алкалоид , Скопје. Главна тема:
  • Примарни малигни коскени тумори

 

  1. Стручен состанок – работилница –се одржа на 10.2017 во просториите на Стопанска комора на Р. Македонија. Главни теми:
  • Улога на преданалитичката фаза во квалитетот на ткивните примероци – прв дел.
  • Web конференција со проф. Ана Сапино – Научен директор на Канцер Институт Кандиоло во Торино на тема: Препораки, бележење, колекција, транспорт, презервација и складирање на клетки и ткива за дијагностички истражувања во патологијата.

 

  1. Стручен состанок – работилница, се одржа на 8.03.2018 година во Амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна тема:
  • Улога на преданалитичката фаза во квалитетот на ткивните примероци – втор дел.
  • Web конференција – Guidelines Tracking, Collection, Transport, Preservation and Storage of cells and tissues for diagnostic investigations of Pathological anatomy.

 

  1. Стручен состанок – работилница се одржа на 18.02019 год. во Амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна тема:
  • Глијални тумори на централен нервен систем: Класификација, патохистолошка и молекуларна дијагностика, хируршки и онколошки третман на глијални тумори
  • Презентација на случаи и слајд семинар за глијални тумори

 

  1. Заеднички стручен состанок – работилница на Здружението на патолози на Република Македонија со Здружението на патолози и цитолози на Србија, кој се одржа на 26.10.2019 год. во Салаш 137, Нови Сад, Р. Србија. Главни теми:
  • Синоптички (структурирани) извештаи во гинеколошката патологија.
  • Напредна молекуларна дијагностика на цервикален карцином
  • Патохистолошки наод кај пациенти со идиопатски инфламаторни болести на црево: практичен пристап
  • Синхрони и метахрони, колизиони и композитни тумори: стварност во патохистолошката пракса и клиничко значење
  • ТТА: Дали сме ендемски?
  • Молекуларна дијагностика на туморите со цел таргетирана терапија на туморите: дилеми и препреки во рутинската работа
  • Тенкоиглена аспирациона биопсија и ексфолијативна цитологија: искористување на парафински блокови во рутинската имуноцитохемиска пракса.

 

  1. Стручен состанок – работилница се одржа во Амфитеатарот на Медицинскиот факултет, УКИМ во Скопје на 12.2019. Главна тема:
  2. Детекција на генетски маркери со Microarray технологија за таргетирана терапија кај малигни заболувања.

 

  1. 9. Стручен состанок – Работилница се одржа во Амфитеатарот на Медицинскиот факултет, Скопје на 11.2020. Главна тема: Патологија на невроендокрини тумори

 

  • Во периодот 2021-2025година, се одржаа 10 состаноци и тоа 5 стручни состаноци и 5 стручни состаноци-работилници:

 

  1. Стручен состанок Работилница се одржа во виртуелен формат на платформата ZOOM на 5.2021. Главна тема: Патологија на простата.
  2. Стручен состанок Работилница се одржа во виртуелен формат на платформата ZOOM на 12.2021. Главна тема:
  • Молекуларна дијагностика на белодробниот карцином – клиничко-патолошки консензус.
  1. Стручен состанок на Македонското здружение за патологија се одржа на 29.9.2022 во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна тема:

– Цитолошки и молекуларни аспекти на скрининг за цервикален карцином – I дел.

  1. Стручен состанок на Македонското здружение за патологија се одржа на 11 и 12.11.2022 во хотелот Сириус, Струмица. Главна тема:

– Цитолошки и молекуларни аспекти на скрининг за цервикален карцином – II дел.

  1. Стручен состанок на Македонското здружение за патологија се одржа на 4.5.2023 во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна тема:

Тумори на коски.

 

  1. Стручен состанок – работилница на Македонското здружение за патологија во соработка со International Society of Neuropathology се одржа на 5 и 6.6.2023 во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна тема:

Невропатологија

 

  1. Стручен состанок и Годишно собрание на Македонското здружение за патологија се одржа на 15.12.2023 во амфитеатарот на Клиничката болница Аџибадем Систина. Главна тема:

Патологија на бубрежни тумори.

 

  1. Стручен состанок на Македонското здружение за патологија на тема „Diagnostic and treatment challenges in advanced melanoma“ и Меѓународна работилница на тема „Workshop on Predictive Biomarkers of Toxicity and Immunotherapy Response in Advanced Melanoma“, во соработка со Македонското зружение за радиотерапија и онкологија и COST акција (Immuno-model, Modelling immunotherapy response and toxicity in cancer), се одржаа на 14-15.03.2024 година во амфитеатарот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главни теми:

– Predictive biomarkers of toxicity and immunotherapy response in advanced melanoma

– Diagnostic and treatment challenges in advanced melanoma.

 

  1. Стручен состаноккурс/работилница на Македонското здружение за патологија се одржа на 29.09.2024 година на Медицинскиот факултет во Штип. Главна тема:

Новини во дигестивната патологија и практична примена на анална цитологија.

  1. Стручен состанок на Македонското здружение за патологија се одржа во вид на заеднички стручен состанок со Македонското здружение за радиотерапија и онкологија (МАРО) на 18.11.2024 година во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна тема:

Современа дијагностика и третман на пациентите со белодробен канцер и тумори на жолчното кесе и жолчните патишта. 

Публикации

– Во периодот од 2011/2015 година беа преиздадени учебните помагала за студентите по медицина, стоматологија и фармација.